Европратеничката Ирена Јовева им се поклони на студентите. Таа на фејсбук упати искрена честитка за нивната храброст и издвојуваната победа на изборите во Србија.
Дури и денес ми е тешко да кажам што повеќе ме трогна во тој момент. Нивната храброст или фактот што самите не беа ни свесни колку е големо тоа што го направија.
Оддавањето почит беше спонтано и сосема искрено.
Сосема заслужено! Не се откажаа. Дури ни кога се обидуваа да ги замолчат, заплашат и дискредитираат. Дури ни кога многумина – дури и во Европската унија – претпочитаа да го свртат погледот настрана.
Затоа денес со интерес ги следам реакциите на сите оние што се обидуваа да останат на безбедно растојание за време на нивната борба. Наводно, тоа се нарекува политичка претпазливост. Можеби отсега ќе биде поинаку?
Тоа би било добредојдено. Конечно. 😉
Кога ќе помислам на сите поминати километри, протести, непроспиени ноќи и луѓето што цело ова време стоеја покрај студентките, студентите и, пред сè, покрај демократијата во Србија… останувам без зборови.
Пред сè, поради сето она што беше потребно за вечерва да се извојува праведна изборна победа.
„Уште одамна ви кажав дека верувам во вас. И дека самите ќе напишете учебник за вашата победа. Денес го направивте тоа.
Ви благодарам за лекцијата по истрајност, храброст, солидарност. Слобода.
Уште еднаш, длабок поклон до земја.
И не, следната реченица не е граматичка грешка:
Браво за сите вас! напиша Јовева.