Алкохол за малолетници и дрога

Контроли во угостителски објекти во Скопје: Лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од МВР.

Од министерството, најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Најнови вести