Вечерва, во библиотеката, се обидуваме да направиме нешто едноставно, а сепак многу моќно – да ѝ дадеме слика на песната.
Поезијата најчесто ја читаме. Ја слушаме. Ја чувствуваме. Но, што ако стихот можеме и да го видиме?
Што ако една песна не остане само во нашата мисла, туку се претвори во линија, форма, светлина и боја?
Токму во тоа е убавината на овој настан. Поезијата и ликовната уметност денес не се две одделни уметности. Тие се среќаваат во истиот простор и си поставуваат едно прашање: како изгледа она што го чувствуваме додека читаме?
Нашата библиотека не е само место каде што книгите се чуваат. Таа е место каде што книгите се отвораат, се читаат, се доживуваат и повторно се создаваат во имагинацијата на секој од нас.
А вечерва таа имагинација ќе добие и своја визуелна форма.
Еве дел од атмосферата, на вчерашната „Бела ноќ“.