Албанија кажа СТОП за увоз на месо од Бразил

Забраната е сериозен удар за пазарот на Бразил, имајќи предвид дека земјата повеќе од две децении е главен снабдувач на Албанија со месо.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Албанија официјално го забрани увозот на месо од Бразил. Одлуката доаѓа откако земјата беше отстранета од овластената листа на EУ поради неможноста да обезбеди безбедносни гаранции за употреба на антибиотици и стимуланси за раст кај животните.

Сепак, пратките од живина и говедско месо со сертификати издадени пред 3 септември, ќе продолжат да се прифаќаат, дури и ако пристигнат подоцна месецов.

Повеќе од две децении, соседна Албанија купува месо и месни производи од Бразил, што ја прави оваа земја прва на списокот по увозот на овој производ.

Најнови вести