Вучиќ во објава на Инстаграм истакна дека станува збор за важен проект за економско и инфраструктурно поврзување, чија цел е стабилност и мир, но се осврна и на тешката енергетска состојба во светот, поради која државата ќе мора итно да реагира.
Говорејќи за глобалните случувања, српскиот претседател ги спомена изјавите на чешкиот премиер Андреј Бабиш и полскиот премиер Доналд Туск, кои предупредија дека „Европа ја очекува пекол“.
Вучиќ оцени дека нивните предупредувања не се далеку од вистината, имајќи ги предвид актуелните цени на нафтата и гасот на светскиот пазар.
Главната причина за посетата на Вучиќ е неговото учество во Карпатската иницијатива за интеграција, чија цел е посилно трговско, економско и транспортно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион.
Покрај Србија, во проектот би требало да бидат вклучени и Австрија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Романија и Украина.