Амбасадорка на САД во Грција поднесе оставка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, поднесе оставка. Во објава на социјалните мрежи таа наведе дека енергично ќе се брани од обвинувањата што и се упатени.

Во последните недели, во „Волстрит журнал” се појавија неколку написи за наводно сомнително однесување на Гилфој. На пример, во март изминатата година во Атина, наводно навестила дека САД би можеле да бидат вклучени во претстојно соборување на романската влада и дека би можеле да го сторат истото и во Грција. Обвинувањата се однесуваат на периодот пред и за време на нејзиниот мандат во Атина.

„Обвинувањата се невистинити и имам намера енергично да ја бранам својата чест, углед и интегритет”, вели таа.

Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство во врска со извештаите за постапките на Гилфојл и рече дека не е задоволен.

Поранешната водителка на „Фокс њус”, Кимберли Гилфојл, важи за поддржувачка на движењето МАГА (Make America Great Again. Таа не само што беше свршена со Доналд Трамп Помладиот, туку во минатото беше во брак и со сегашниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом, кој се смета за можен претседателски кандидат на опозициската Демократска партија.

Најнови вести