Во контрарепликата на одговорот на Мицкоски пратеникот Димитар Апасиев повторно се осврна на деловните и политичките врски на лица од семејното опкружување на Мицкоски, овојпат презентирајќи фотографии од Јорданчо Јанев – Дано, баџанакот на Мицкоски, во друштво и на актуелниот и на поранешниот премиер Зоран Заев.
Одговарајќи на личните квалификации на Мицкоски, Апасиев ги проблематизираше неговите скапи часовници, потсети на претходниот судски спор и најави нови документи за прашањата што ги отвори, порачувајќи дека денешното излагање е само една епизода од она што допрва ќе биде обелоденето.
Апасиев го потсети Мицкоски и на неплатените судски трошоци од спорот за клевета што Мицкоски го водеше против него, а во кој беше застапуван од Панче Тошковски. Апасиев нагласи дека, и покрај обидите на Мицкоски да го предизвика на правно поле, исходот од спорот покажал дека таквите обиди не му оделе во прилог.
На крајот, Апасиев најави дека за прашањата поврзани со таканаречениот „кукавичлук“ ќе следуваат дополнителни откритија, бидејќи Левица располага и со други документи кои засега нема да бидат објавени, за да не се открие сè во една епизода.