Транспортерите од земјите од Западен Балкан денеска на двочасовен протест пред седиштата на делегациите на Европската Унија во Скопје, Белград, Подгорица и Сараево. Превозниците бараат итно решение за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната.
Возачите на камиони и автобуси бараат ограничувањето на престојот во земјите од Шенген зоната веднаш да се суспендира.
Доколку барањата не бидат исполнети, транспортерите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија дека на 14 септември ќе организираат протести и блокади на граничните премини кон земјите од Европската Унија.
Ова е втор поголем протест на транспортерите по оној во јануари, кога побараа укинување на Шенгенското правило со кое граѓаните од земјите надвор од Унијата можат да престојуваат максимум 90 дена на Шенгенската територија во период од 180 дена.