Барањето на граѓаните е прифатено- автобусот со број 35 продолжува до Радишани. Општина Бутел ќе биде поврзана и со другиот дел од градот.
-Процедурата за продолжување на автобуската линија 35-ка е завршена. Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски, и директорот на ЈСП постигнавме договор за нејзино продолжување до Радишани. Деновиве ќе го презентираме новиот возен ред, а за неколку дена ќе биде пуштена пробна линија која ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани. Се надевам дека за продолжената линија ќе има голем интерес од граѓаните и дека таа ќе остане трајно решение, информира градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Со оваа мерка, Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе биде поврзана со Општина Аеродром.