Бесплатни концерти во Скопје за Денот на независноста – финале со Дејвид Гета на Стадион

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Скопје од 1 до 4 септември ќе се одржат три бесплатни концерти во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

На 1 септември на плоштадот „Македонија“ ќе настапи светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас заедно со Македонската филхармонија и елитната домашна естрадна и оперска постава, соопштија од Авалон Продукција.

Од македонската музичка сцена предвидени се настапи на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски.

На 2 септември, на платото пред арената „Борис Трајковски“, во рамки на настанот „Најдоброто од Македонија“, ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

На 4 септември на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи настанот „Силно светнал ден“, со учество на бројни музичари и уметници.

Сите три настани почнуваат во 20 часот.

На 8 септември, на Денот на независноста, на Националната арена „Тоше Проески“ ќе настапи Дејвид Гета. Картите за концертот се веќе распродадени.

Најнови вести