Во атар на село Голозинци, општина Чашка, полициски службеници го лишија од слобода С.А.(35) од село Мелница, општина Чашка.
Кај место викано „Мелничка Река“ бил сопрен трактор „форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од С.А., а сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница, натоварени со огревни дрва без жиг и боја и без документација.
По пребарување на теренот каде била извршена нелегална сеча, била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека С.А. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола.
По насоки од јавен обвинител, тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.