АФП објавува дека бомбаш самоубиец со автомобил полн со експлозив удрил во полициски објект во моментот кога полицајци и нивни семејства се молеле во џамија.
Според извештаите, повредени се повеќе од 100 лица. Нападот се случи вчера, а борбите продолжуваат и денес со неколкумина напаѓачи кои, според полицијата, се забарикадирале во дел од комплексот.
Одговорноста за нападот ја презеде локалната група „Итехад-ул-Муџахидин Пакистан“ – фракција поврзана со „Техрик-е-Талибан Пакистан“.
Пакистан ги обвинува милитантните групи во Авганистан за порастот на насилството – тврдење што талибанските власти во Кабул го негираат.