Во Босна и Херцеговина се одржуваат избори, на кои 3.408.517 регистрирани гласачи избираат нови носители на власта на државно, ентитетско и кантонално ниво.
Ѓраѓаните решаваат за новите членови на Претседателството на БиХ, пратеници за Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, претседател и потпретседатели на Република Српска, пратеници во Народното собрание на РС, како и претставници во кантоналните собранија во Федерацијата БиХ.
Вкупно 7.028 потврдени кандидати се натпреваруваат за вкупно 518 мандати.
Избирачките места се отворија во 7:00 часот, а ќе бидат зарворени во 19:00 часот.