Избори

Босна и Херцеговина се изјасни, една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетите

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Последните информации за резултатите од општите избори во Босна и Херцеговина, на кои се гласаше на државно, ентитетско и на кантонално ниво, покажуваат дека во тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден нов член, во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.

Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во рацете на СНСД, партијата предводена од Милорад Додик. Саво Миниќ од СНСД победи на изборите за претседател на Република Српска со 269 647 гласови. Опозицискиот кандидат Бранко Блануша од Српската демократска партија го призна поразот.

Денис Бекировиќ, политичар од Социјалдемократската партија и актуелен бошњачки член на Претседателството, освои нов мандат. Тој го победи поранешниот бошњачки член на Претседателството и лидер на Партијата на демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, како и Семир Ефендиќ и Фахрудин Радончик.

Нема промена ниту на српското место. Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независни социјалдемократи, убедливо победи. Таа освои над 276 илјади гласови, далеку пред опозициските кандидати Маринко Божовиќ и Небојша Вукановиќ.

Најголемата промена има на хрватското место. Даријана Филиповиќ од Хрватската демократска заедница на БиХ го победи кандидатот на Демократскиот фронт, Славен Ковачевиќ. Со тоа заврши долгогодишното присуство на Жељко Комшиќ во Претседателството.

Излезноста беше околу 41,5 проценти, значително помалку од општите избори во 2022 година.Ова беа и првите избори во Босна и Херцеговина на кои беа користени нови технологии за идентификација на гласачите и обработка на гласачките ливчиња.

Најнови вести