Министерката за енергетика Сања Божиновска со остра реакција на обвинувањата на опозицијата.
Категорично ги отфрла и ги демантира како што вели, лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференција со кои без ниту еден доказ вели Божиновска се прави обид да се наруши нејзиниот интегритет, чест, углед и професионален интегритет.
-Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, додава Божиновска во реакцијата.
Бара СДСМ во рок од 24 часа да се извинат, во спротивно вели ќе ги искористи правните механизми.