двојно државјанство

Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство- ќе биде ли екстрадирана Ива Михаилова?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека добило барање од ИНТЕРПОЛ – Скопје за апсење и екстрадиција на Ива Михаилова, против која се води судска постапка во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Од бугарското МВР наведуваат дека до моментот на нивното обраќање немало издадена црвена потерница на ИНТЕРПОЛ и дека не биле преземени активности за утврдување на нејзината локација во Бугарија.

Министерството посочува дека бугарски државјанин може да биде предаден за кривично гонење под условите предвидени со ратификуван меѓународен договор. Воедно се повикува на одредбата од Европската конвенција што им дозволува на државите да одбијат екстрадиција на сопствени државјани.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вицепремиерот Александар Николоски изјавија дека очекуваат Бугарија да постапи по потерницата и да ја предаде Михаилова.

Михаилова има и бугарско и македонско државјанство, а Судот во Кочани издаде потерница на 13 октомври 2026 година.

Најнови вести