Администрацијата на Соединетите Американски Држави воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд. Одлуката значи забрана за трансакции со судот, намалување на ресурсите доделени на судот, како и ограничувања на можноста на судот да работи, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Објавата на санкциите следуваше откако Нобеловата награда за мир и беше доделена на јужноафриканската правничка Нави Пилај, поранешна судијка во МКС и други меѓународни судови.
Воведувањето санкции за Меѓународниот кривичен суд како институција е чекор без преседан кој следува по серијата мерки насочени против тринаесет независни судии и обвинители кои и служат на каузата на правдата, соопшти МКС. Судот нагласи дека „мерката е
насочена кон независна правосудна институција, создадена со договор и на која 125 држави-членки и довериле да ги истражува и гони геноцидот, злосторствата против човечноста, воените злосторства и злосторството на агресија.
Европската Унија изрази длабоко жалење поради одлуката на Соединетите Американски Држави. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека меѓународната правда мора да се брани и дека нема траен мир без одговорност.
Генералниот секретар на Обединетите нации ја осуди најавата за воведување санкции.
„Одлуката претставува сериозен удар врз нашиот колективн стремеж кон меѓународна кривична правда, чиј клучен столб е МКС“, изјави Стефан Дујариќ, портпарол на Генералниот секретар на Обединетите нации.
Администрацијата на Трамп воведе нови сеопфатни санкции врз Меѓународниот кривичен суд како дел од својата кампања за распуштање на трибуналот поради истрагите против САД и сојузниците, вклучувајќи го и Израел.