Дипломатија

Цар Самoил го реши деценискиот спор меѓу Бугарија и Грција

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министрите за култура на Бугарија и Грција потпишаа протоколот за предавање на посмртните останки на цар Самоил и други артефакти, на церемонија во Музејот на византиската култура во Солун.

На чинот присуствуваа премиерите на двете земји – Румен Радев и Киријакос Мицотакис. За првпат беа прикажани посмртните останки на цар Самоил, како и црковните предмети што Бугарија и ги враќа на Грција.

„Денес ги поставуваме темелите на нешто многу подлабоко од обична културна размена. Бидејќи враќањето на значајни артефакти од колективната меморија во Грција и Бугарија ги претвора тешките моменти од минатото во мостови кон заедничка иднина. Спомениците и историските артефакти не можат да се третираат како воен плен, ниту како жртви на околности што настанале по нивното создавање и кои не го почитуваат нивниот вроден интегритет како неделива целина”, истакна грчкиот прмеиер Кирјакос Мицотакис.

„Во текот на овие шест децении, бугарската држава никогаш не престана со напорите овие посмртни останки да бидат вратени во Бугарија. И ми претставува огромно задоволство што денес ја исполнуваме моралната обврска што произлегува од овој процес и обезбедуваме враќање на овие посмртни останки на бугарскиот народ“, рече бугарскиот премиер Румен Радев.

Бугарската делегација, со посмртните останки отпатува во Софија, на голема државна церемонија. Илјадници луѓе се собраа во центарот на Софија. На церемонијата присуствуваа претседатели, поранешни премиери, актуелни и поранешни министри и пратеници, како и претставници на бугарското свештенството.

Посмртните останки на цар Самоил беа пренесени во Бугарија со воен транспортен авион од типот „Спартан”.

Најнови вести