Четиригодишно дете е најмладиот примател на доход во државата, над еден милион денари за 2025 година, објави Управата за јавни приходи. Детето го остварило доходот од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години и остварил приходи од пензија и од други извори.
Најстариот милионер пак, во земјава има 97 години и лани остварил приходи од пензија од 1,1 милион денари или околу 17,8 илјади евра.
Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен.
Во петте највисоки плати во земјава, над два милиона евра годишно во бруто износ се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.
Според УЈП, за 2025 година биле поднесени над 860.000 даночни пријави од граѓани, што е зголемување од 10,6 проценти во споредба со 2024 година. Најголем број пријави има во Скопје, Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.
Платите сочинуваат најголем дел од пријавениот доход. Највисокиот износ наведен во анализата по основ на плата достигнува 139 милиони денари и е остварен во дејноста „Вадење камен и јаглен”.
Сепак, трите највисоки исплатени дивиденди поединечно го надминуваат овој износ, а истите биле исплатени од компании во Гевгелија, Охрид и Арачиново.