И натаму е активен пожарот во Ѓорче Петров кај селото Грачани кој 4 дена се гаси од земја и воздух. Пламените јазици се и на територија на Република Косово.
Регистрирани се пожари и во општините Македонски Брод, Чучер Сандево, Градско, Струга, Липково, Маврово и Ростуше и Кичево.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, тврди дека пожарот кај село Ногаевци, Градско е подметнат кој е ставен под контрола.
На терен се и велешките пожарникари.
Пожарот избувна денес, а во неколку наврати ова место било запалено, вели Ангелов по разговорите со жителите на селото.
„Некој за да заработи пари ја пали оваа прекрасна шума, притоа ризикувајќи го животот на пожарникарите кои сега внатре во боровите гасат ризикувајќи го животот на околното население, бидејќо пожарот може да излезе од контрола и да дојде до некои од локалните села“, изјави Ангелов.
МВР работи на откривање на сторителите.