Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот, 24 пожари се изгаснати додека 7 се под контрола. Активни се пожарите во општините Струга, Македонски Брод и во Чучер Сандево, каде гори мешана шума.
Под контрола е огнената стихија во општините Македонски Брод кај село Бенче, Кичево кај село Тајмиште и кај село Кнежино, Гостивар кај селото Печково, Ново Село кај село Стиник, во скопски Карпош и Сарај.