Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот регистрирани се 16 пожари на отворен простор, нема активни, а засега два се ставени под контрола.
Во меѓувреме 14 биле изгаснати.
Под контрола е огнената стихија кај Општините Македонски Брод и Сопиште, во селото Белица проширен кон Јасен, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Под контрола е ставени пожарот и кај Општина Новаци, село Рапеш – село Маково каде гори сува трева и нискостеблеста вегетација, информираат утрово од ЦУК.