Денеска сончево и топло од вторник нагло заладување

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Управата за хидрометеоролошки работи за денес предвидува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Според прогнозата на УХМР, стабилното време ќе се задржи до сабота. Во недела и понеделник се очекува зголемување на нестабилноста, со повремени врнежи од дожд, а на места се пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Позначителна промена се очекува од вторник. Со продорот на постуден воздух од север, дневните температури ќе започнат да опаѓаат.

Најнови вести