Лишени од слобода биле 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од село Морани, скопско, А.В.(20) од село Радишани, скопско, Љ.М.(59) од село Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од село Слупчане, општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од село Тополчани, прилепско. Со активна мерка – забрана за возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР и додаваат:
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“.