Државна изборна комисија

ДИК: Без проблеми се одвиваше гласањето на изборите во Брвеница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведуваше во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвиваше во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Најнови вести