Локални избори

ДИК: До 13 часот, на изборите во Брвеница гласале 20, 50 проценти од граѓаните

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Излезноста на предвремените локални избори во општина Брвеница до 13 часот изнесува 20,50 проценти, правото на глас го оствариле 3.331 граѓани, информираше Државната изборна комисија.

Гласањето почна утрово во 7 часот и засега се одвива непречено.

Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство.

Од комисијата информираат дека за граѓаните со право на глас во Брвеница е достапна бесплатната телефонска линија 0800 555 44, на која можат да добијат информации поврзани со остварувањето на избирачкото право.

За лицата со оштетен слух е достапен и телефонскиот број 076 488 360, преку кој со видео повик можат да добијат информации на знаковен јазик.

ДИК во текот на денот ја информира јавноста за гласањето и излезноста преку прес-конференции и соопштенија.

Најнови вести