На 16-та седница на Државната изборна комисија, преку јавна ждрепка беше одреден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница:
Реден број 1: Кандидатот за градоначалник предложен од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ;
Реден број 2: Кандидатот за градоначалник предложен од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ);
Реден број 3: Кандидатот за градоначалник предложен од Група избирачи – Душан Богдановски;
Реден број 4: Кандидатот за градоначалник предложен од Коалицијата „ВЛЕН“;
Реден број 5: Кандидатот за градоначалник предложен од Група избирачи – Арифе Идризи;
Реден број 6: Кандидатот за градоначалник предложен од Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ).
На денешната седница, согласно усвоениот дневен ред беше предвидено спроведување на ждрепка за распределба на локациите за поставеност на рекламни паноа и билборди на територијата на Општина Брвеница, согласно член 78-а од Изборниот законик и Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка.
Претседателот на Државната изборна комисија. Бојан Маричиќ, констатираше дека во предвидениот законски рок до ДИК не е пристигната ниту една понуда од општинните, Градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламни паноа и билборди за овие избори. Со оглед на тоа што не беа доставени понуди со локации и ценовници, Комисијата утврди дека е безпредметно одржување на ждрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.