Економски комбинаторики

ДОГОВОР СИ Е ДОГОВОР: Танкер со руски дизел плови кон Њујорк

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Танкер со 40.000 тони руски дизел плови кон Њујорк по договорот постигнат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Танкерот „Агиои Фанендес“, кој плови под знамето на Малта, на вчера бил натоварен со 40.000 тони дизел со ниска содржина на сулфур во руското балтичко пристаниште Приморск.

Ова е прва испорака на руски нафтени деривати за американскиот пазар по забраната за увоз воведена во 2022 година. Вашингтон се реши на ваков потег во обид да ги намали високите цени на горивата.

Доналд Трамп најави дека Русија веднаш ќе извезе 300.000 тони дизел, по што во ноември треба да следуваат дополнителни количини.

Вашингтон во меѓувреме дозволи исклучоци од санкциите за трансакции поврзани со продажбата, транспортот и увозот на руски дизел.

Одлуката претставува значителен пресврт во американската енергетска политика кон Русија и во период на чувствителни односи меѓу Вашингтон и Москва, додека војната во Украина продолжува.

Договорот меѓу САД и Русија наиде на негодувања од страна на претседателот на Украина Володимир Зеленски и челниците на Европската Унија.

Најнови вести