Соединети американски држави

Доналд Трамп ги запре новите санкции за Русија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп ја запре примената на новиот пакет санкции кон Русија, два дена пред рокот. Со потпишана извршна наредба, тој се повика на националните интереси на САД, иако самиот го потпиша законот во септември.

Одлуката не значи укинување на сите американски санкции кон Москва. Во документот стои дека остануваат непроменети мерките воведени со претходни извршни наредби за штетни активности на руската влада.

Трамп ја искористи одредбата што му дозволува да одобри изземање од санкциите, ограничувањата и царините, со доставување образложение до Конгресот.
Изземањата ќе важат додека претседателот или надлежните членови на администрацијата не утврдат дека се потребни дополнителни мерки.
Потегот следува една недела по најавата на Трамп за договор за набавка на руски дизел. Одлуката наиде на критики во Конгресот, Европската Унија и во Украина.

Најнови вести