Центарот за управување со кризи информира дека до 18:00 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, нема активни под контрола се 6,изгаснати се 13.
Пожари под контрола се во Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда, ниска вегетација, Општина Делчево, градска депонија каде гори ѓубре, Општина Сарај, с. Копаница гори ниска вегетација и мешана шума.
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци – високостеблеста шума, Општина Босилово: с. Иловица гори ниска вегетација. Општините Крушево и Кривогаштани, с. Алданци, проширен еден крак кон с. Годивље гори нискостеблеста дабова шума и висока вегетација.