Дрон за малку ќе го погодеше авионот на Зеленски

Украинскиот лидер за малку избегнал напад со дрон при полетување од Молдавија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски со кој тој патуваше од Молдавија кон Норвешка за да присуствува на погребот на кралот Харалд, за малку ќе беше погоден од дрон, соопшти норвешкиот премиер Гар Сторе. Шефот на владата на Норвешка не откри детали дали авионот бил директна цел на нападот.

Во вторникот, аеродромот во Кишињев привремено беше затворен. Според информациите, еден дрон паднал во поле и предизвикал пожар, а друг продолжил во романскиот воздушрн простор. Молдавската премиерка Маја Санду оцени дека ваквите инциденти се сериозна закана за безбедноста.

На фронтот во Украина војната продолжува. Киев и Москва објавија за нови удари со ракети и беспилотни летала. Руските регионални власти известија за напад врз пристаништето во Сочи на Црно Море, има поврдени.

Американскиот претседател Трамп вели дека имал одличен разговор до Путин и истакна дека рускиот лидер сака крај на војната.

Најнови вести