Блиски исток

Двајца војници се убиени во престрелка на Западниот Брег, спречен поголем терористички напад

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Двајца вооружени Палестинци отворија оган на воен контролен пункт во близина на градот Хеброн, јужен Западен Брег. Во престрелката, убиени се двајца војници, тројца се повредени. Престрелката траела повеќе од 20 минути, пред војниците да ги убијат двајцата напаѓачи.

Израелската армија соопшти дека близу Хеброн бил спречен голем „терористички напад врз израелски цивили”.

Набргу по инцидентот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди, целосна блокада” на Западниот Брег. Армијата постави блокади на патиштата и ги затвори палестинските градови и села во областа.

Поради блокадата, жителите на Западниот Брег повеќе не можат да патуваат кон и од Израел. Ваквите патувања и претходно беа сериозно ограничени, но сега целосно се запира прекуграничниот сообраќај.

Најнови вести