ДЗР: Македонија нема кадар, опрема и стратешки планови за справување со катастрофи

Државниот завод за ревизија препорачува реформи за воспоставување интегриран систем за заштита и спасување.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Државниот завод за ревизија нотира дека има недостиг од кадар, опрема и стратешки планови за справување со катастрофи. Во услови на зголемени ризици од шумски пожари, поплави и
екстремни временски услови, системот за заштита и спасување на Македонија не располага секогаш со потребната институционална и оперативна подготвеност за ефикасен одговор, констатира ДЗР.

Ревизорите утврдиле слабости во стратешкото планирање, координацијата и управувањето со ресурсите, како и недостиг на човечки и материјални капацитети и ограничени инвестиции во
модернизацијата.

ДЗР објави дека се уште нема усвоена национална стратегија за заштита и спасување. Изготвената нацрт-стратегија за периодот 2026- 2030 година не е усвоена, додека процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи датира од 2007 година.

Слабости се утврдени и во управувањето со воздушните сили, материјалните средства и инспекцискиот надзор.
ДЗС располага со повеќе од 30 магацини, но без интегриран систем за материјална и финансиска евиденција, а со само 14 до 17 инспектори годишно се вршат околу 1.300 надзори.

Од ДЗР посочуваат дека системот за управување со кризи функционира претежно реактивно, со активирање дополнителни ресурси кога локалните капацитети не се
доволни. Државниот завод за ревизија препорачува реформи за воспоставување интегриран систем за заштита и спасување, со јасна рамка, стабилно финансирање, зајакнати човечки и материјални капацитети и поефикасен систем за мониторинг и надзор.

Најнови вести