СВР Битола поднесе кривична пријава против 28 годишник од с.Новаци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против 50 и 41- годишни мажи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Според МВР, првопријавениот одзел малокалибарска пушка, 5,6 мм. од куќа, сопственост на 78-годишник, со привремен престој во Австралија, во с.Балдовеница, општина Новаци.
Второпријавениот од 2021 до 09.09.2026 во Делчево ја чувал пушката, која што подоцна сопственикот ја земал од третопријавениот.