Девет европски земји побарале дополнително време за целосна примена на новите биометриски контроли во рамки на ЕЕС, поради технички проблеми и стравувања од создавање голем метеж.
Поради тоа, патниците на различни аеродроми и гранични премини имаат различно искуство, иако системот официјално е во целосна примена од 10 април 2026 година.
Новиот европски систем за евиденција на влез и излез од Шенген-зоната – EES (Entry/Exit System) – повторно предизвика проблеми на одредени гранични премини.
Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побарале дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични пунктови, особено на фреквентните аеродроми.