Европската комисија покрена истрага против платформата за резервација на сместување „Букинг“ (Booking.com) за да утврди дали компанијата презема доволно мерки за спречување лажни огласи за сместување и измами преку фишинг.
Постапката ќе се води во согласност со правилата на Европската Унија за дигитални услуги, објави „Ројтерс“.
Истрагата е покрената по прелиминарна проверка и анализа на извештаите за процена на ризик што компанијата ги доставила во текот на оваа и претходните три години.
Европската комисија ќе испитува дали платформата соодветно се справува со ризиците поврзани со лажните огласи и измамите насочени кон корисниците, со цел да се утврди дали ги исполнува обврските што произлегуваат од европските правила за дигиталните услуги.
Фишингот е вид интернет-измама при која измамниците се обидуваат да дојдат до лични податоци, лозинки или банкарски информации преку лажни пораки и веб-страници. Кај платформите за резервација, ваквите измами може да вклучуваат лажни пораки за потврда на резервација или барања за дополнителна уплата.
Истрагата треба да утврди дали мерките што ги презема „Букинг“ се доволни за заштита на корисниците и спречување на злоупотребите на платформата.