Европската Унија и Кина постигнаа договор за преполовување на кинескиот извоз на хибридни и ,,plug-in” хибридни автомобили во ЕУ.
,,Plug-in” возилата комбинираат класичен мотори со внатрешно согорување бензин или дизел и еден или повеќе електрични мотори кои се напојуваат од батерија која може да се полни од надворешен извор. Увозот на хибридни автомобили во ЕУ се зголеми за 86 проценти до септември годинава, додека нивните цени паднаа за 20 проценти. Повеќе од половина од возилата увезени во ЕУ сега доаѓаат од Кина, додека уделот на Пекинг во вредноста на увозот на ,,plug-in” хибридни автомобили во 2005 година изнесуваше 30 проценти.
Договорот беше постигнат по дводневните разговори во Пекинг, на кои учествуваа
европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. Целта на преговорите беше да се намали трговскиот дефицит на ЕУ со Кина.
Пекинг и Брисел, исто така, се согласија да продолжат со дискусиите за ценовните обврски и процедурите за преглед како дел од истрагата на Европската комисија за субвенциите за кинеските производители на електрични автомобили.
Во исто време, беше договорено да подобри пристапот на европските компании до кинескиот пазар и да се олесни издавањето дозволи за извоз на ретки земјени метали од Кина.