Од 1 јули, Европската Унија воведе царински давачки за мали пакети, особено за оние што доаѓаат од Кина преку платформите „Тему”, „Шеин” и „АлиЕкспрес”. Два месеца подоцна, резултати се веќе видливи.
Со примената на мерката, бројот на мали пратки во ЕУ се намали за 30 до 40%. Во јули, продажбата на Тему во ЕУ падна за околу 50%, а на Али експрес за 37%, додека кај Шеин падот изнесува околу 15%. Мерката се однесува на сите пратки со вредност помала од 150 евра, кои досега беа ослободени од царински давачки
Одлуката на Брисел се темели на заштита на конкуренцијата на пазарот и безбедност на потрошувачите.
Само во текот на 2025 година во ЕУ пристигнале околу 5,9 милијарди предмети со ниска вредност, односно повеќе од 16 милиони пратки дневно. Според европските институции, огромниот број евтини пратки создавал значителна предност за продавачите од трети земји.