Статистика

Европа ги брои штетите од пожарите

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Европа годинава се соочи со сериозни огнени стихии. Најновите анализи покажуваат дека проценетата загуба за континентот се движи од околу 113 милијарди евра до 180 милијарди евра. Одделни пресметки покажуваат и дополнителни милијарди загуби во земјоделството и транспортот.

Пожарите однесоа и жртви во Франција, Шпанија, Грција, Хрватска.

Годинава под ризик од пламени јазици беа и делови од Европа кои во минатото не биле толку изложени на пожари. Меѓу нив се земји како Белгија, Чешка, Германија и Шведска.

Европската асоцијација за трговија со жито СОCERAL процени пад на приносите на житарки во ЕУ од околу седум проценти во однос на 2025 година, односно околу четири до пет милијарди евра директна загуба во производството на жито.

Европа е континент во светот кој набрзо се загрева. Според „Коперник”, јуни 2026 година бил најтоплиот месец досега измерен во Западна Европа, а втор најтопол на глобално ниво.

Во услови на се подолги и поинтензивни пожарни сезони, земјите од ЕУ издвојуваат значителни средства за противпожарните служби. Во 2024 година, вкупните расходи на владите во ЕУ за услуги поврзани со заштита од пожари достигнале 43,8 милијарди евра.

Пресметката опфаќа 30 европски економии и се базира на најинтензивниот петдневен топлотен период во секоја земја, со корекции за влажноста и изложеноста на
населението.

Статистиките покажуваат дека по 2026 година европските пожарникарски служби ќе мора да се справуваат со пожари кои се поинтензивни, траат подолго и се појавуваат во делови од Европа кои порано не биле сметани за високоризични.

Најнови вести