Состанок во Луксембург

Европската Унија – главоболка за Путин, воведени нови санкции

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министрите за надворешни работи на Европската Унија усвоија речиси 1.600 нови санкции насочени против рускиот воено-индустриски комплекс. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по состанокот во Луксембург истакна дека станува збор за најголемото поединечно проширување на листата со санкции на ЕУ против Русија од почетокот на војната во Украина.

Повеќе од половина од санкциите се
насочени кон руското производство на
на балистички ракети. Мерките во голем дел се однесуваат и на хибридните закани и субјекти што учествувале во организација на изборите за руската Дума на окупираните украински територии, кои ЕУ ги смета за нелегитимни.

Воедно, Каја Калас ги повика САД да воведат санкции против Русија како дел од напорите за завршување на војната.

На состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембур се разговарало и за руските саботажи и кампањите за дезинформации во земјите членки, како и за состојбата на Блискиот Исток.

Најнови вести