Насекаде низ Европа има тенденција на подолго останување на младите во домовите на родителите, а тоа се поврзува со стапката на вработеност.
Во 2025 година, стапката на вработеност кај младите на возраст од 20 до 29 години во ЕУ изнесувала 65,5%. Во Македонија стапката на вработеност на младите во 2025 година била 50,2%.
Младите во Македонија го напуштаат домот на родителите на просечна возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години.
Во нашето соседство, младите во Србија остануваат со родителите до 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.
Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска – 31,5 години, Грција и Словачка и двете по 30,9.
Во Шпанија и Италија младите остануваат под родителскиот кров до 30,2 години. Спротивно на тоа, најрано си заминуваат во Финска – 21,4 години, Данска 21,8 и во Естонија и Литванија, и двете по 22,7.