Вчера во атарот на село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ф.М. (44) од с. Тополница.
Полициските службеници заедно со вработени од Шумска полиција и ЈП „Национални шуми” Радовиш, го затекнале Ф.М. на место викано „Куп Тарла”, каде со моторна пила извршувал бесправна сеча на дабови огревни дрва.
Од лицето се одземени една моторна пила и секира, кои заедно со пронајдените исечени дрва се предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш.
Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Ф.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.