Филипче: СДСМ ќе го блокира отворањето нови рудници

Македонија не е на продажба и СДСМ ќе се спротивстави на отворањето нови рудници, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во македонското Собрание

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лидерот на опозициската партија побара власта да се повлече од предложениот просторен план и најави дека, доколку тоа не се случи, покрај учеството на јавните дебати, ќе следуваат и физички блокади со жив штит од луѓе.

„Сакам да им порачам: Македонија не е на продажба. Нема да го ризикуваме здравјето на граѓаните за туѓи профити. Сакам јасно и гласно тука да им кажам да отстапат и да се повлечат од овој план“, истакна Филипче.

Тој посочи дека новиот просторен план предвидува отворање пет нови рудници, на локациите Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, и обвини дека власта го става националното богатство во служба на туѓи финансиски интереси.

„На овие пет места владата на Христијан Мицкоски планира да ја продава земјата, планира да ја продава Македонија на странски фирми за странски профити“, рече Филипче.

Во продложение видеото од прес-конференција

 

Најнови вести