Социјал демократски сојуз на македонија

Филипче „удри“ со навреди по Мицкоски

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, упати остра и навредлиива порака до премиерот Христијан Мицкоски, да не си игра со иднината на земјата.

Изјавата следува во во пресрет на посетата шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен.

„Дали сте свесни дека има јасен чист патоказ за четири земји, нас таму не нема. До 2030 година отворена е вратата во Европа. Земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас не нема. Притоа Христијан Мицкоски се уште глуми патриот. Ке го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па се е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да не изолира целосно”, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

Венко Филипче, упати порака и до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0, или да помогнат, да се вклучат во партиските активности, или да се тргнат од патот.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека својата работа во партијата ја извршува со истата посветеност и сериознот со која работел и како лекар и како министер за здравство.

Најнови вести