Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Свети Николе каде што беше на сррдба до граѓани, упати критики до Владата за, како што оцени, недоволната поддршка во услови на економска криза.
Потенцираше дека граѓаните се соочуваат со високи трошоци, особено за гориво, а според него, нема доволно помош за пензионерите, социјално загрозените лица, семејствата со повеќе деца и граѓаните кои примаат минимална плата.
Филипче посочи дека СДСМ во Собранието предложиле мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата.
На средбите со земјоделците од Овчеполието биле посочени проблемите со откупот на грозјето и пченицата, откупните цени на млекото, како и високите трошоци за ѓубрива и нафта.