Филипче за Платформата ЗНАМ 2.0: Тие што беа дел од поразот на СДСМ сакаат пуч од кафана и хотел

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Јас сум се видел со тие луѓе во изминатиот период, поединечно. Сметам дека тоа е платформа којашто е нов ЗНАМ. Тоа се луѓето коишто беа на многу високи партиски функции, коишто молчеа кога се формираше првиот ЗНАМ. Па сега сакаат со пуч да ја преземат партијата, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Партијата има демократски институции. Можеа да се кандидираат за раководство. Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Како мислат дека може така да влетаат и нешто да им припадне понатаму?
Како тоа, на денот кога ние објавуваме еден од најголемите скандали за власта, а тоа е дека има компанија којашто финансира лобирање за премиерот, и кога објавуваме еден од најголемите скандали – дека ќе се отворат пет нови рудници, нешто за што огромно мнозинство од граѓаните се против – тие излегуваат и го прават тоа? Понатаму, како да се објасни тоа што еден од тие луѓе коишто седат на таа маса добил тендер од 1,6 милиони евра од државата? Сакам јасно и гласно да порачам: каква реформа бараат во партијата“ изјави Филипче.

 

Најнови вести