Претседателот на СДСМ,Венко Филипче се сретнал со земјоделците во Обршани во општина Кривогаштани и во село Дебреште во општина Долнени, Според лидерот на опозициската партија, тие алармирале дека состојбата во земјоделството е толку катастрофална, што голем дел од родот, на пример од црвената пиперка, е скапан, поради тоа што не се откупуваше на време.
Земјоделците од село Обршани и околните села од општина Кривогаштани, посочиле според партијата, дека власта ги излажала во однос на откупот на црвената пиперка дека откуп нема, пиперката им скапува, а тоа што се откупува е по понижувачка цена од 17 денари за килограм, која услови кога се поскапено не ги покрива ниту производните трошоци.
Филипче на средбата им порача на земјоделците дека СДСМ ќе подготви предлог-мерки за финансиски да им се помогне на земјоделците.
„Ќе поднесеме предлог-мерка за интервентен откуп и загарантирана соодветна цена од 30 денари за килограм за тие количини црвена пиперка што не се откупени, а за тие земјоделци на кои што пиперката поради тоа што нема откуп веќе им е скапана и уништена, да се обезбеди обештетување“, рече Филипче.
Во продолжение видеото од изјавата на Венко Филипче