Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничка прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама ја потврди заложбата на Албанија за постигнување на европските стандарди и приближувањето до Европската Унија, додавајќи дека владата во Албанија напорно работела за да ги постигне европските стандарди.
„Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворивте последниот кластер, а во јули ги затворивте првите три поглавја. Ги уверувам Албанците: членството не само што ќе ја направи Албанија посилна, туку ќе ја направи и Европската Унија посилна“, рече таа.
Фон дер Лајен нагласи дека патот до членство бара континуирано спроведување на фундаментални реформи во сите отворени поглавја, вклучително и заштитата на животната средина и природните ресурси на земјата. Според неа, постигнувањето трајни промени бара соработка што оди подалеку од традиционалните политички граници.
„Ова бара вистинско ангажирање низ политичките поделби и дијалог со општеството за да се решат сите негови загрижености“
Во рамки на посетата на земјите од Западен Балкан, Фон дер Лајен во петок пристигнува во Скопје. Предвидени се средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Според најавите, во фокус ќе бидат европската перспектива, процесот на пристапување кон ЕУ и регионалните прашања.