ФОТО: Скопје се гуши во мирис на чад, во воздухот пепел од блиските активни пожари

Главниот град потона во чад и пепел од пожарот што беснее на македонско - косовската граница.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Ветрот над Скопска Црна Гора кој се движи во насока кон источниот дел на Скопје и на општина Илинден, донесе облак од чад од пожарот кој се уште е активен и на косовска и на македонска територија.

Фото: reper.mk

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека најголемо внимание во моментов се посветува на пожарот кај Грачани, кој од косовска страна премина на македонска територија.

„Кога ветрот е неповолен скопјани чувствуваат непријатен мирис кој доаѓа од чадот од овој пожар. Но, тогаш кога на граѓаните ќе им замириса чад од овој пожар нека помислат на сите пожарникари и сите доброволци и екипи кои учествуваат во гасењето и секојдневно се лице в лице со огнот“, рече Ангелов.

Најнови вести