(ФОТОГАЛЕРИЈА) Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во Њу Џерси: Каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на САД, денеска оствари средба со македонската заедница која живее во Њу Џерси.

Шефот на владата, присуствувал на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси.

„Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.
Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“, стои во објавата на премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести